Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), поради финансиски малверзации, му изрече пет годишна суспензија на претседателот на Африканската конфедерација (КАФ), Ахмад Ахмад.
Етичкиот одбор на ФИФА, чии потпретседател е Ахмад, утврдил дека првиот човек на КАФ „ги прекршил овластувањата, нодел подароци, лошо управувал со средствата и ја злоуботребил службената положба“.
ФИФА на Ахмад му ги забрани сите активности во спортот, во наредните пет години и му изрече парична казна од 185.000 евра.
Ахмад прв човек на КАФ стана во 2017 година. Тој имал намера да се кандидира за уште еден мандат.
Изборите за претседател на Африканската конфедерација ќе се одржат на 12.март наредната година во Рабат.