Top Sport

ФИФА ја казни Нигерија

Светската фудбалска федерација (ФИФА) ја казни Нигерија бидејќи во квалификацискиот натпревар за пласман на СП во Русија, против Алжир, настапила со играч кој немал прав на настап поради суспензија.

На последниот квалификациски меч во Б групата Алжир и Нигерија одиграа 1:1, а во составот на Нигерија настапи Абдулахи Сехи, кој поради жолти картони немал право на настап.

Поради тоа ФИФА реши да ја казни Нигерија, односно натпреварот го регистрира со резултат 3:0 за Алжир. Сепак ова ништо не смени во конечниот пласман во групата која Нигерија надмоќно ја освои со пет бода повеќе од Замбија.

Поради овој пропуст ФИФА парично го казни Фудбалскиот сојуз на Нигерија со шест илјади швајцарски франци.

Нигерија на СП во Русија ќе игра против Аргентина, Хрватска и Исланд.

Scroll to Top