Светската фудбалска федерација (ФИФА) ја одбиле жалбата на фудбалскиот клуб Челси, што значи дека клубот од Лондон во наредните два трансфер периоди нема да може да регистрира фудбалери.
Единствено што му е дозволено на Челси од страна на ФИФА е дозволата да може да реализирата трансфери на играчи помлади од 16 години, но само доколку тие се од Велика Британија.
Клубот од „Стенфорд Бриџ“ ќе може да регистрира фудбалери но нема да може да ги регистрира за настап.
ФИФА покрена постапка против Челси поради неправилностите при трансферите на млади фудбалери, што не се од Англија, а најголем проблем претставувал трансферот на Бертранд Траоре од Оксер во 2013 година.
Последна институција каде што Челси ќе можат да ја обжалат оваа одлука на ФИФА е Судот за арбитража во спортот.