Top Sport

ФИФА ќе го разгледа предлогот на УЕФА за промена на правилата за играње со рака

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино потврди дека ќе се разгледа предлогот на УЕФА за менување на правилото со игра со рака во фудбалот за да се спречат „нефер одлуки кои штетат на спортот“.

Одговорајќи на писмото од претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, Инфантино посочи дека ФИФА бара „ферплеј, постојаност и транспарантност“ од судиите, откако Чеферин бараше враќање на правилата пред 2019, кога судиите имаа можност да проценат дали играта со рака била случајна или намерна.

Правилата на фудбалската игра ги утврдува Интернационалниот борд на фудбалски асоцијации (ИФАБ), кој ќе се сретне овој месец. ИФАБ е чудна инстутиција бидејќи половина од осумте гласа ги држи ФИФА, а другата половина е кај асоцијациите од островото – Англија, Шкотска, Велс и Северна Ирска.

„Ова не е првпат ова правило да е во фокусот на дискусиите во фудбалот и нема да биде последен. Верувам дека со тоа се покажува страста за нашиот спорт и суптилните детали кои прават разлика. Нема срам во признавање дека понекогаш одлуките кои се направени со добра намера не ја оствариле целта“, пишува во писмото Инфантино.

Scroll to Top