Светската фудбалска федерација (ФИФА) објави дека постигнала договор за помош на фудбалерите да си заминат од своите тимови доколку не добиваат редовно плата.
„Ова беше проблем кој се ‘готвеше’ долго време и беше тешко да се дојде до договор. Сите сакаме да бидеме платени. Се работи за проблем на работните односи и е многу важен“, вели Виктор Монтаљани од ФИФА.
Договорот ја вклучува и Европската асоцијација на клубови (ЕЦА), светскиот синдикат на фудбалери (ФИФПро) и Форумот на светски лиги, во кој се претставени најважните светски фудбалски лиги.
Како дел од договорот, синдикатот се согласи да ја повлеже тужбата пред Европската комисија против трансфер-системот во фудбалот, поднесена пред две години.
Пред овој, фудбалерите ќе добијат право да се жалат на своите клубови по три месеци без плата, а за одлука за жалбата можеа да чекаат до две години. Прецизните детали не се објавени, но се верува дека играчите полесно ќе можат да заминат доколку не земаат плата.