Top Sport

ФИФА ќе им застане на патот на богатите

Претседателот на ФИФА Џани Инфантино најави промени во светот на фудбалските трансфери со цел да биде воведен ред во оваа сфера и да се спречат корупцијата, поткупот и перењето пари.

Клубовите во зимскиот преоден рок потрошија рекордна сума на пари, а со трансферите растат и приходите кои ги оставруваат посредниците, менаџерите и менаџерските агенции. Токму тука планира ФИФА да удри за да започне да воведува ред во ненормалното трошење на пари.

Инфантино рекол дека минатата година клубовите размениле 6,4 милијарди долари на трансфери, а од тие пари дури 500 милиони долари им припаднале на менаџерите и посредниците.

„Зголемувањето на менаџерските провизии оди во погрешна насока. Многумина од менаџерите се согласуваат со мене и би сакале во оваа свера да има подобар надзор. Во овој момент тука не постојат правила“, рекол во интервју за „ЕСПН“, Инфантино.

„Секој можа да прави што сака. Реалноста покажува дека се присутни коруптивните ризици. Не го измислувам ова, постојат извештаи од многу држави што го докажуваат ова. Можете да кажете дека системот е здрав бидејќи се вртат многу пари, но трендовите станаа загрижувачки. Мораме да делуваме.“

Инфантино изразил задоволство од одлуката на англиските клубови кои ги поддржале промените и побара зимскиот преоден рок да биде укинат. Тој најавил дека ФИФА има намера да го скрати летниот преоден рок.

„Среќен сум поради тие предлози. Има логика, на поетокот на сезоната сакате да знаете кои играчи ги имате во тимот. Не треба да почнете да ги менувате играчите по две или три недели или да ризикувате да останете без најдобриот играч. Тоа не е во ред. Мораме да ги штитиме фудбалските вредности и да го сочуваме интегритетот на фудбалот.“

„Важно е да биде дефиниранот колку играчи ќе има во еден тим, како и бројката на играчи кои тимот ќе може да ги испрати на позајмица. На сите им е во интерес да играат најдобрите играчи, а со ваква концентрација на најдобрите фудбалери во само во неколку првенства тоа не е можно. Мораме да ги преиспитаме правилата и за домашните фудбалери за да го најдеме вистинскиот баланс“, дополнил Инфантино.

Scroll to Top