Top Sport

ФИФА ќе објави како гласале челниците за домаќин на СП во 2026

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), вети дека ќе објави како гласале челнците, за време на гласањето за домачќин на Светското првенство во 2026 година. ФИФА реши да биде транспарентна по сите наводи за корупција при гласањето за организација на Светските првенства во 2018 и 2022 година.

ФИФА доби две кандидатури за домаќин на Мундијалот во 2026 година, заедничката на Мексико, Канада и САД и на Мароко. Медиумите шпекулираат дека фаворит е заедничката кандидатура на државите од Северна и Средна Америка.

Името на организаторот на Мундијалот во 2026 година ФИФА ќе го објави на 13.јуни 2018 година во Москва.

За домаќин на Светското првенство во 2026 не можеа да се кандидираат европските и азиските држави, бидејќи наредната година Мундијалот ќе се одржи во Русија, а четири години подоцна во Катар.

Scroll to Top