Кристијано Роналдо е прогласен за најдобар фудбалер во светот за 2017 година од страна на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА). Португалецот наградата ја освои во конкуренција на Лионел Меси и Нејмар, а му беше врачена на
гала вечерта во „Лондон Паладиум“.
Играчот на Реал Мадрид петти пат во изборот на ФИФА е прогласен за играч на годината во светот.
„Би му се заблагодарил на Реал за поддршката која ми ја дава низ годините. Ова е голем момент за мене“, рече Роналдо по добивањето на наградата.
На свечената церемонија лауреати уште беа Зинедин Зидан (тренер на годината), Џанлуиџи Буфон (голман на годината), Франсис Коне ја доби наградата за фер-плеј, Лика Мертенс (најдобра фудбалерка) и Сарина Вигман (најдобар тренер во женска конкуренција).
Голот на сезоната го постигна Оливие Жиру кој ја доби наградата „Ференц Пушкаш“, додека според ФИФА најдобри навивачи има Селтик.
Во тимот на годината доминираат играчите на Реал Мадрид.
Најдобриот тим на ФИФА:
Голман: Џанлуиџи Буфон (Јувентус)
Одбрана: Дани Алвес (Јувентус/ПСЖ), Серхио Рамос (Реал Мадрид), Леонардо Бонучи (Јувентус/Милан), Марсело (Реал Мадрид)
Среден ред: Лука Модриќ (Реал Мадрид), Тони Крос (Реал Мадрид), Андрес Иниеста (Барселона)
Напад: Нејмар (Барселона/ПСЖ), Лионел Меси (Барселона), Кристијано Роналдо (Реал Мадрид)