ФИФА ја казни Русија поради расистичките повици на навивачите на пријателскито натпревар со Франција, одигран во Санкт Петербург.
Фудбаската федерација на Русија во касата на ФИФА ќе треба да уплати 30.000 швајцарски франци, поради мајмунските крици, упатени кон црномурестите репрезентативци на Франција.
Главна мета на расистите бил играчот на Манчестер јунајтед, Пол Погба.
Инаку, натпреварот одигран во рамките на подготовките за Светското првенство им припадна на Французите. Франција во Санкт Петербург ја победи Русија 3:1.