Top Sport

ФИФА: Петмина од Реал во тимот на годината

ФИФА на гала вечерта во „Лондон Паладиум“ вечерва ги избира најдобрите за 2017 година. Во идеалниот тим на ФИФА само четврорица не играат во Шпанија, односно не се дел од Реал или Барселона.

Во идеалниот тим на ФИФА доминираат играчите на Реал Мадрид, ги има петмина, кои ја одбранија титулата во Лигата на шампионите и ја освоија шампионската титула во Шпанија.

Најдобриот тим на ФИФА:

Голман: Џанлуиџи Буфон (Јувентус)

Одбрана: Дани Алвес (Јувентус/ПСЖ), Серхио Рамос (Реал Мадрид), Леонардо Бонучи (Јувентус/Милан), Марсело (Реал Мадрид)

Среден ред: Лука Модриќ (Реал Мадрид), Тони Крос (Реал Мадрид), Андрес Иниеста (Барселона)

Напад: Нејмар (Барселона/ПСЖ), Лионел Меси (Барселона), Кристијано Роналдо (Реал Мадрид)

Scroll to Top