Нигерија и Гана можат да добијат интернационални суспензии поради политичко влијание во федерациите, објави Светската фудбалска федерација (ФИФА) во „последно предупредување“ до двете африкански нации.
ФИФА побара Нигериската фудбалска федерација (НФФ) да биде предводена од претседателот Амаџу Мелвин Пиник, кој е избран во 2014 година, но владата во оваа земја го презеде водењето со федерацијата. Доколку тој не се врати до понеделник, ФИФА ќе ги суспендира сите нигериски репрезентации, иако потврди дека женската У-20 репрезентација, која се натпреварува на СП во Франција ќе продолжи со настапот.
Гана пак, мора да ја поништи одлуката на владата со која се ликвидираше националната фудбалска асоцијација.