Светското фудбалско првенство во Катар во 2022 година и дефинитивно за првпат во историјата ќе се одржи наесен.
Челниците на ФИФА објавија дека СП ќе се игра од 21 ноември до 18 декември, а на него ќе учествуваат 32 селекции, а не 48 како што се шпекулираше.
Зголемување на бројот на учесници од 32 на 48 е можно дури во 2026 година, а Мондијалот во САД, Канада и Мексико.
Системот на натпревари ќе биде ист како и на сите претходни Мундијали, од 1998 година досега, 32 селекции ќе бидат поделени во 8 групи, а двете најдобри ќе изборат осминафинале.
Европските квалификации за СП во Катар ќе започнат во март следната година и ќе се завршат до ноември.
? 2022 #WORLDCUP MATCH SCHEDULE ?
? It all starts in Qatar on Monday 21 November 2022 ?
?️? https://t.co/tIvYvRoy5j pic.twitter.com/yQvgGczszK
— FIFA World Cup (@FIFAWorldCup) July 15, 2020