Top Sport

ФИФА со закана за исклучување на Шпанија

Според шпанскиот весник „Ел паис“, Светската фудбалска федерација (ФИФА) пратила писмо до Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) со порака дека мешањето на владата во работата на федерацијата нема да биде толерирана и дека може да се случи исклучување на репрезентацијата од Светското првенство во 2018 година.

Предлогот на Врховниот спортски совет да се одржат нови избори во РФЕФ е сметано како вмешување на владата во работата на федерацијата. Според правилата на ФИФА, националните фудбалски федерации мораат да се независни – до неодамна Кувајт беше суспендиран поради тоа, а слична закана стоеше и над Перу.

Анхел Марија Виљар беше уапсен во јули 2017 година поради обвинувања за корупција само два месеци откако беше реизбран за претседател на РФЕФ, позиција на која уште технички е и покрај суспензијата по апсењето. Вршител должност на функцијата претседател е Хуан Луис Лареа, но шпанската влада сака да се одржат нови избори за да се означи нов почеток во федерацијата.

Ова не е првпат ФИФА да и се заканува на Шпанија со суспензија. Во 2008 година, тука беше заканата со исфрлање од Европското првенство (кое подоцна го освоија), поради конфронтација на Виљар со Хаиме Лисавецки, уште еден висок официјален член на шпанската федерација.

Scroll to Top