Top Sport

Фиго со енигматска порака за Меси: Уау, уште еден историски момент!

Луиш Фиго во последно време е посебно активен на социјалните мрежи, така што неговиот коментар за барањето на Лионел Меси да си замине од Барселона секако има на тежина, посебно бидејќи тој е еден од ретките кои го направи „скокот“ од Барса во Реал Мадрид.

„Уау, уште еден историски момент“, напиша Фиго на Твитер.

Интересно ова лето е 20-годишнина од славниот трансфер на Фиго од Каталонија во престолнината, за кој тогаш беа платени 60 милиони евра и кој го одбележа вечно Португалецот како предавник на Блауграна. Тогаш, како сега Меси, Фиго беше капитен и икона на клубот од Каталонија.

Инаку, пред неколку дена самиот Фиго изјави дека е невозможно Меси да потпише за Реал Мадрид, но не поради ривалството на двата клуба туку поради откупната клаузула од 700 милиони евра која ја поставува Барселона. Сега, Меси бара да замине без отштета.

На социјалните мрежи се јави и поранешниот капитен на Барселона, Карлес Пујол, кој му даде поддршка на Меси, а не на клубот.

„Почит и восхитување. Со тебе сум, пријателе“, напиша Пујол.

Scroll to Top