Фудбалкиот клуб Беневенто кој во наредната сезона ќе настапува во Серија Б во Италија денес доби нов тренер. Се работи за легендарниот италијански екс-фудбалер, Филипо „Пипо“ Инзаги.
Инзаги се договори со Беневенто на едногодишна соработка.
Минатата сезона Беневенто заврши како трет во втората италијанска лига, но во полуфиналето од баражот за влез во Серија А беше елиминиран од Читадела.
Пред да дојде во Беневенто, Инзаги ја водеше екипата на Болоња со која зимоска го раскина договорот, по што кормилото на клубот го наследи Синиша Михајловиќ.
Инзаги е роден 1973 година. Највпечатлив беше во редовите на Јувентус каде настапуваше од 1997 до 2001, по што во Милан играше 11 години, од 2001 до 2012 година.