Top Sport

Филипс ќе ги одбие Јунајтед за Ливерпул поради лојалноста кон Лидс?

Ѕвездата на Лидс јунајтед, Калвин Филипс е подготвен да ги одбие Манчестер јунајтед и да се пресели во Ливерпул поради лојалноста кон сегашниот клуб, тврдат британските таблоиди.

26-годишниот Филипс подолго време е поврзуван со трансфер на „Олд Трафорд“, каде што сакаат да го засилат својот среден ред, но по одличните настапи на ЕУРО 2020 со Англија, интерес појавија и во Ливерпул.

Според „Сан“, со трансфер во Јунајтед, тој би ги навредил сите навивачи на Лидс, кои уште ги сметаат „црвените ѓаволи“ за нивните најлути ривали, и Филипс би сакал да остане верен на градот каде што живее цел живот. Трансфер на „Енфилд“ би бил многу поприфатлив.

Филипс, кого во Лидс го нарекуваат „Јоркширскиот Пирло“, се приклучи на Лидс кога имаше 14 години, а од 2014 година има 226 настапи за клубот, а оваа сезона првпат стана и капитен на клубот.

Scroll to Top