Top Sport

Филипс нема намера да замине од Лидс

И покрај тоа што англиските медиуми го сметаат за вистинска сензација со настапите на ЕУРО 2020, 25-годишниот Калвин Филипс вели дека нема намера да замине до Лидс јунајтед за трансфер во тим кој би се борел за титулата.

Агентот на Филипс, Кевин Шарп вели дека нема потреба да се шпекулира за трансфер.

„Пред да го потпише последниот договор во 2019, ги испитавме сите можности за трансфер во некој друг клуб. Калвин не сака да си замине од дома, Лидс е неговиот клуб и нема желба, ниту алчност за некои мега-договори. Тој само сака да продолжи да го прави истото што го прави досега за Лидс и за Англија“, вели Шарп.

Филипс, кој е роден и израснат во Лидс, има договор со „белите“ до 2024 година и има 211 настапи а Лидс (од кои 30 минатата година во Премиер лигата по враќањето по 16 години).

Scroll to Top