Top Sport

Финалето на ЕУРО 2020 го гледале 328 милиони луѓе

Финалниот меч на ЕУРО2020 меѓу Италија и Англија на „Вембли“ го гледале 328 милиони луѓе, соопштија денеска од Европската куќа на фудбалот (УЕФА).

Оттаму соопштија дека турнирот имал вкупно 5,2 милијарди прегледи што е преку 100 милиони во просек по меч.
„Неверојатни бројки покажуваат дека имало огромно интересирање за турнирот не само во Европа, туку и во светот“ – соопштија од УЕФА.

Оттаму наведуваат дека имало и 7,5 милијарди интеракции на платформите на социјалните мрежи, а официјалните налози на УЕФА биле прегледани 2 милијарди пати во текот на ЕП.

„Турнирот има публика на глобално ниво кое продолжува да расте, посебно во Северна Америка и Азија каде базата на обожаватели постојано се проширува“ изјави директорот за маркетинг на УЕФА, Ги Лоран Епштајн.

Scroll to Top