Top Sport

Финалето на Лигата на Европа без Чоло Симеоне

УЕФА немаше милост! Тренерот на Атлетико, Диего Симеоне ќе мора да го следи финалето на Лигата на Европа во Лион против Марсеј од трибините, откако доби суспензија од четири меча за навреда на судија.

Симеоне беше пратен на трибините при 1:1 ремито против Арсенал во Лондон во првиот меч од полуфиналето по расправијата со францускиот судија Клемен Тарпан. Аргентинецот веќе беше на трибините при реваншот, кој „јорганџиите“ го добија со 1:0.

Симеоне нема да може да присуствува на финалето на 16 мај, и на првите два европски меча на Атлетико следната сезона, а ќе плати и казна од 10.000 евра.

Дисциплинската комисија на УЕФА исто така почна со постапка против Марсеј, откако нивните навивачи фрлаа факли и други објекти на теренот на Салцбург при реваншот од второто полуфинале. Салцбург, пак, е под закана за казна за влегувањето на навивачите на теренот и навредите против судијата.

Фото: ЕПА

Scroll to Top