Top Sport

Финалето во ЛШ ќе се игра во Њујорк?

Европската фудбалска унија (УЕФА), сериозно ја разгледува можноста финалето во Лигата на шампионите да го пресели во Њујорк. Првиот човек на оваа организација, Александар Чеферин, имал желба финалето во 2025 година да се одигра на стадионот „MetLife“.

„Ако одите од Португалија во Азербејџан е исто како да одите во Њујорк. За навивачите тоа не би било проблем“, изјавил Чеферин пред неколку години.

Идејата на Чеферин е јасна, да го доближи најквалитетниот фудбал на финансиски исплатливиот пазар.

Инаку, стадионот „MetLife“, има капацитет од 82.000 седишта и се наоѓа во источен Радефорд во Њу Џерси. Овој објект, во чија изградба се влошени 1,6 милијарди долари е отворен во 2010 година.

Scroll to Top