Top Sport

Финансиска инјекција од 500 милиони долари во Челси!

Челси се пред договор со американската компанија „Арес менаџмент“ за инвестиција од фантастични 500 милиони долари со која ќе се финансираат плановите за експанзија на клубот и градење на нов стадион, тврди „ЕСПН“.

Новите американски газди на лондонскиот клуб, предводени од Тод Бели и неговата „Клирлејк капитал“ компанија, подолго време бараат инвеститори во клубот и сега се на чекор од договор. Клубот потрши над милијарда фунти на засилувања од мај минатата година, но сопствениците инсистираат дека нема проблем со протокот на пари, ниту со финансискиот ферплеј на УЕФА.

Планот сега е да се обнови „Стемфорд Бриџ“ или да се почне со градење на нов стадион, целосно реновирање на тренинг-центарот во Кобам, како и идна експанзија на систем на повеќе клубови, налик на Манчестер сити. Се верува дека Бели планира да го купи Спортинг Лисабон.

Scroll to Top