Top Sport

Финансиски малверзации во ФФМ, поднесени 25 кривични пријави

Управата за финансиска полиција поднесе кривични пријави 11 физички и 14 правни лица за проневера на 2,4 милиони евра во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), објави порталот „А1он“.

Првообвинета во истрагата е поранешната сметководителка на федерацијата, Олгица Младеновска поради сомневање дека извлекувала пари со допишувања нули на фактурите и на сметка на ФФМ имала луксузен живот со чевли од 1.000 евра, чанти повеќекратно поскапи од нејзината плата и чести одмори на скапи места. Таа била вработена во ФФМ повеќе од три децении, сѐ до ноември минатата година кога и бил даден отказ.

Меѓу обвинетите е и поранешниот претседател на ФФМ Илчо Ѓорѓиоски и уште еден вработен во Федерацијата кој посредувал во извлекувањето на парите.

Управата на финансиската полиција повеќе од осум месеци работи на откривањето на криминалот во ФФМ.

На следниот линк прочитајте повеќе.

Scroll to Top