Top Sport

Фиорентина ги собра пофалбите: Доживотен договор за починатиот Астори!

Не постојат пари кои можат да го вратат прерано починатиот фудбалер на Фиорентина, Давиде Астори, но ова што го прави клубот од Фиренца е за секоја пофалба.

Давиде почина пред 2 години, беше пронајден мртов во хотел во Удине, пред меч на неговата Фиорентина со Удинезе.

Фудбалерот претходно требало да го продолжи договорот со „виолетовите“ до 2022 година, но од клубот прават убав гест.

Неговата плата ќе продолжат да ја даваат на неговото семејство, а од клубот ќе се грижат и ќе помага и во образованието на неговите деца.

Scroll to Top