Top Sport

Фиорентина го доби Пјаца

Фиорентина официјално го комплетираа трансферот на 23-годишниот Марко Пјаца од Јувентус на заем од 2 милиони евра, со опција за откуп од 20 милиони евра.

Хрватското крило ги комплетираше медицинските тестови, по што Виола го претстави своето ново засилување, а Јувентус, бидејќи е компанија на италијанската берза, официјално мораше да ги соопшти и финансиските детали.

„Јувентус го комплетираше договорот со Фиорентина за позајмица до 30 јуни 2019 година за 2 милиони евра. Фиорентина на крајот на сезоната има опција да го откупи фудбалерот за 20 милиони евра, платени на тригодишни рати“, објавија од Јувентус.

Scroll to Top