Top Sport

Фиорентина ја заврши сезоната со драматична победа

Со два гола во последните минути од мечот Фиорентина успеа да стигне до 3:1 победа над новиот второлигаш СПАЛ, за крај на уште една разочарувачка сезона за навивачите на Виола.

Тимот на Џузепе Јакини сезоната ја завршува во средината на табелата, со 49 поени, и со 12 победи, 13 ремија и дури 13 порази. СПАЛ е на последното место на табелата и следната сезона ќе игра во Серија Б.

Алфред Данкан ги донесе во водство гостите по половина час игра, за само девет минути подоцна Марко Д’Алесандро да израмни за СПАЛ. Трите поени ги освои младиот Кристијан Куаме со гол во финишот на натпреварот, пред Пулгар од пенал да ги постави конечните 3:1.

Scroll to Top