Top Sport

Фиорентина не го дава Миленковиќ

Фиорентина се обидува да го сочува српскиот талент Никола Миленковиќ со подобрена понуда за продолжување на договорот до јуни 2024.

За Миленковиќ претходно интерес покажаа Атлетико Мадрид и Манчестер јунајтед, но и Наполи ја следеше ситуацијата на „Артемо Франки“, по што претседателот Роко Комисо му понудил нов договор на 22-годишниот фудбалер, јавува „Тутоспорт“.

Миленковиќ оваа сезона играше во 25 меча во Серија А, постигнувајќи три гола, а неговите перформанси во одбраната на Виола по трансферот од Партизан Белград го направија атрактивен за големите клубови. Тој засега има договор со клубот до јуни 2022 година, но Комисо би сакал со подобри услови да го убеди барем уште малку подолго да остане во Фиренца.

Scroll to Top