Top Sport

Фиорентина спаси бод во неверојатно 3:3 реми со Сампдорија (видео)

Ниту двата гола на ветеранот Фабио Кваљарела за само пет минути не беа доволни Сампдорија да триумфира на гостувањето кај Фиорентина, во меч кој заврши со 3:3, откако фановите останаа бесни по црвениот картон кој им го „уништи“ мечот.

Луис Муриел донесе водство за Виола во 34. минута од мечот, но само пет минути подоцна Едимилсон Фернандес доби втор жолт картон, за домаќините да останат со 10 играчи. Казната стигна 10 минути подоцна преку Гастон Рамирез за 1:1, но Муриел повторно погоди во 70. минута за Фиорентина да има позитивен резултат.

Тогаш на сцена стапи Кваљарела – прво во 81. минута израмни со гол од пенал, за три минути подоцна да донесе водство за Самп. Тука не заврши драмата – Аргентинецот Херман Пецелја со гол во 92. минута донесе радост на „Артемио Франки“.

Сампдорија со поенот е на осмото место со 30 поени, три повеќе од Фиорентина на десеттото место во „стутканата“ средина на Серија А.

СЕРИЈА А, 20.КОЛО

Фиорентина – Сампдорија 2:3

СПАЛ – Болоња 1:1

Фото: ЕПА

Scroll to Top