Top Sport

Фирмино работи толку многу што Клоп му наредува да одмара!

Јирген Клоп вели дека Ливерпул не би бил толку добар тим без Роберто Фирмино, инсистирајќи дека бразилскиот напаѓач е клучен човек во импресивниот напад на „Црвените“ со Садио Мане и Мо Салах.

Клоп открива дека неговиот незаситен апетит за фудбалот го прави неверојатен играч, и дека честопати мора да му наредува да паузира на тренинзите.

„Тој е вистински фудбалер, секогаш сака да игра и да работи. На една тренинг сесија во Марбелја решив да го одморам, бидејќи не сака да застане самиот. Тој најдобро се чувствува на фудбалскиот терен и се надевам дека ќе остане така“, вели Клоп.

26-годишниот Фирмино дојде на „Енфилд“ од Хофенхајм во 2015 година, пред Клоп да дојде во Ливерпул, и германскиот стратег вели дека негова најголема сила е менталната, откако тој покажа одлична форма додека беше под истрага за наводниот расистички коментар кон Мејсон Холгејт од Евертон пред шест недели. ФА на крајот реши да не го казни Фирмино.

„Никогаш не се сомневав во него, но во таква ситуација и мене би ми било тешко да се справам. Затоа сум горд на Роберто и на неговото однесување“, додава Клоп.

Scroll to Top