Top Sport

Физиката нема објаснување за ваков гол

Репрезентативецот на Коморските острови, Јусуф М’Чангама, постигна неверојатен гол за својата репрезентација во дуелот со Кенија. Коморските острови и Кенија одиграа 1:1, во рамките на квалификациите за Африканскиот куп.

Голот на М’Чангама, многу потсетува на легендарниот гол на Роберто Карлос против Франција.

Фудбалерот на Генган ги урна законите на физиката. „Фелшот“ беше толку силен, што топката тргна во десниот, а заврши во левиот агол од голот на Кенија.

Инаку стрелецот М’Чангама, поради два жолти каротни, натпреварот го заврши во првото полувреме.

Scroll to Top