Top Sport

ФК Партизан: Изјавите на Стојковиќ се поттикнати од судиската неправда

Фудбалскиот клуб Партизан, со соопштение се огласи по повод изјавите на голманот Владимир Стојковиќ, дадени по завршувањето на 158. дерби со Црвена ѕвезда (1:1).

Изјавата на Стојковиќ е поттикната од голот со кој противникот израмни на 1:1. Тој смета дека топката не ја минала гол-линијата, а изјавата дека ќе се откаже од српското државјанство ја крена на нозе пола држава и предизвика лавина од секакви коментари упатени до голманот.

Клубот по состанокот со Стојковиќ се огласи со соопштение во обид да ја амортизира целата ситуација.

„Управата на ФК Партизан по состанокот со Владимир Стојковиќ сака да и посочи на јавноста дека изјавите на нашиот играч по завршувањето на 158. дерби се дадени во афект, а се поттикнати од судиската неправда. Владимир Стојковиќ жали поради непримерениот и непромислен дел од изјавата и истакнува дека никогаш не може и не сака да се откаже од својата држава и својот пасош, бидејќи многу пати ја претставувал дравата на достоинствен начин, често и како вистински јунак на натпреварите на фудбалската репрезентација на Србија“, стои во дел од соопштението на ФК Партизан.

Стојковиќ: Се срамам што сум Србин (Видео)

Scroll to Top