Top Sport

ФК Партизан: По тренерот замина и спортскиот директор

Заминувањето на тренерот Зоран Мирковиќ, придонесе за уште еден отказ во фудбалскиот клуб Партизан. Од клубот заминува и спортскиот директор Ивица Илиев.

„Поднесувам оставка во Управниот одбор во ФК Партизан.Ја преземам целата одговорност, бидејќи имав голема поддршка од претседателот и целиот Управен одбор“, изјавил Илиев за српските медиуми.

Оставките на тренерот и спортскиот директор се резултат на поразот на Партизан од Вождовац (1:0). „Црно-белите“, на табелата имаа 21 поен помалку од Црвена ѕвезда и 14 од Раднички Ниш.

„Жал ми е што Бата (Зоран Мирковиќ) поднесе оставка, бидејќи покажа дека поседува квалитет. Квалитетото го потврди во големите натпревари на кои го предводеше клубот. Одговорноста е моја“, рекол Илиев.

Ивица Илиев на функцијата стапи во октомври 2015 година. Во неговиот мандат клубот освои само еден трофеј во Купот на Србија.

Партизан остана без тренер

Scroll to Top