Top Sport

ФК Валенсија: Многу луѓе беа изложени на опасност

Фудбалскиот клуб Валенсија се огласи со соопштение откако тренерот на Аталанта Џанпјеро Гасперини призна дека бил заразен со коронавирусот на 10 март кога двата тима го играа реваншот од осмина-финалето во Лигата на шампионите.

Првиот натпревар одигран во Милано на 19 февруари подоцна беше прогласен за „биолошка бомба“, бидејќи подоцна започна епидемијата во северна Италија и Шпанија.

Гасперини во интервју за „Газета дело Спорт“ признал дека лошо се чувствувал ден пред реваншот на „Местаља“.

„Валенсија е изненадена од коментарите во јавноста на тренерот на Аталанта Џанпјеро Гасперини кои се појавија во италијанскиот печат, наведувајќи дека ден пред натпреварот на 2Местаља“ одигран на 10 март бил свесен дека има симптоми на коронавирус и притоа не презел никакви соодветни мерки. Таквиот негов потег, толку тоа навистина било така, доведе во опасност многу луѓе за време на патувањето во Валенсија. Не треба да се заборави дека овој натпревар се одржа зад затворени врати поради строгите мерки за безбедност по налогот на шпанските власти за да се спречи ширењето на заразата со Ковид-19“, се истакнува во соопштението на Валенсија.

Првиот случај на заразен со коронавирусот во Италија беше регистриран на 20 февруари, три недели пред реваншот помеѓу Валенсија и Аталанта.

Scroll to Top