Top Sport

Фламенго доминантен во дербито на Рио де Жанеиро (видео)

Два гола со глава во првото полувреме и среќниот трет гол во второто полувреме беше доволен Фламенго да стигне до 3:0 победа над „соседите“ Флуминенсе во бразилската лига за да се искачи на второто место на табелата.

Фламенго поведоа по 10. минути откако Урибе одличната уфрлена топка со глава ја смести во мрежата, а Лео Дуарте го зголеми водството пред крајот на полувремето со уште еден удар со глава. Урибе уште еднаш стрелаше во второто полувреме иако лошо ја прифати топката.

Со овој резултат, Фламенго има низа од шест победи едноподруго и сега е само на еден поен зад лидерот Палмеираш, кои играат со Гремио денеска.

Scroll to Top