Top Sport

Фламенго ја купува Тондела – Португалските великани ќе добијат сериозен конкурент

Компанијата во чија сопственост се наоѓа најпопуларниот клуб во Бразил, Фламенго, има план да се прошри низ целиот свет. Компанијата наскоро ќе стане сопственик на португалскиот клуб Тондела, а потоа планира да се прошири во Шпанија, Германија, Франција, Кина, САД, Африка…

Нешто слично веќе со години прават сопствениците на Манчестер сити, кој низ светот имаат осум фудбалски клубови, а од пред некоја година истото го прави и Ред Бул, кои се газди на Слацбург, Лајпциг и Брагатино во Бразил.

Преговорите за преземање на Тондела се во завршна фаза. Фламенго како носител на овој проект планира Тондела да им стане конкурент на Бенфика, Порто и Спортинг. Целата операција ќе чини 50.000.000 евра.

„Анализиравме осум клуба од Португалија. Шест одговараа на она што го баравме, а само два се членови на првата лига. Само Тондела ја контролираат акционерите и е добро позиционирана во португалскиот фудбал. Максимално ќе го почитуваме се она што претставува Тондела. Ќе ја почитуваме традицијата, симболите, не сакама да направиме нешто со што би ги навредиле навивачите“, рекол Родриго Тостес, претседателот на финансиските операции во Фламенго.

Тој потоа открил какви цели ќе има Тондела.

„За три-четири години планираме да влеземе во Лига Европа, а до 2030 година да станеме учесници во Лигата на шампионите. Секако се ќе оди по природен пат, најпрвин ќе сакаме да се позиционираме во домашната лига“.

Фламенго е најбогатиот и најпопуларниот клуб во Бразил со преку 40.000.000 навивачи и годишни приходи од над 150.000.000 евра.

Scroll to Top