Шампионот на Бразил и Јужна Америка, Фламенго, го контактирал Интер за да го откупи договорот на напаѓачот Габриел Барбоса, потврдил претседателот на клубот Родолфо Ландин.
Херојот на Фламенго, пред два дена постигна два гола во неверојатниот пресврт во Лима, против Ривер Плата, со кои бразилскиот клуб по пауза од 38 години ја освои титулата во Копа Либертадорес.
Габриел Барбоса официјално е играч на Интер, со овој клуб има договор до јуни 2022 година.
„Го контактиравме Интер, се уште ништо не сме договориле, но преговараме. Многу зависи и од фудбалерот, односно неговите побарувања околу платата. Повеќе детали ќе имаме кон крајот на наредниот месец“, рекол Ландим.
Популарниот „Габигол“ во 2018 година за 30 милиони евра од Сантос се пресели во Интер. Во тоа време бил означен како еден од најталентираните играчи во светот. Сепак во Италија не успеа да се снајде, на десет натпревари постигнал само еден гол.
Интер потоа и го позајмиле во Бенфика но ниту таму не го покажа својот потенцијал. Потоа решил да се врати во Бразил, за два сезони во дресот на Фламенго постигнал 67 гола.