Top Sport

Флик: Горецка и Боатенг се смирија

Инцидентот помеѓу Леон Горецка и Џером Боатенг на тренингот на Баерн Минхен веќе е во минатото, вели нивниот тренер Ханси Флик велејќи дека се надева дека нема да има сличен „излив на емоции“ помеѓу соиграчите.

Горецка и Боатенг се степаа на тренингот во средата пред гостувањето на Баерн во Мајнц во сабота, откако наводно Боатенг бил лут по еден остар старт на неговиот соиграч. Флик вели дека двајцата се смириле.

„Имаше многу емоции на тренингот, игравме мал турнир и сите сакаа да победат. Тоа покажува дека односот на фудбалерите е коректен. Не ми се допаѓаа емоциите. Зборував со двајцата веднаш потоа и задоволен сум што проблемите се во минатото. Не сакам такво однесување во тимот, бидејќи ние имаме одредени вредности. Некои работи треба да се решат вербално, без конфликти. Не сакам да ги казнувам, бидејќи ова се случува првпат“, изјави Флик.

Летале „тупаници“ на тренинг на Баерн, Боатенг против Горецка (фото)

Scroll to Top