Top Sport

Флик: Кој не би сакал да го има Хаверц во тимот?

Тренерот на Баерн Минхен, Ханси Флик како да сакаше да покаже дека Баварците не признаваат пораз во „ловот“ по 20-годишната ѕвезда на Баер Леверкузен, Каи Хаверц, велејќи дека нема тренер кој не би сакал да го има во тимот.

Хаверц постигна седум гола во последните шест меча, и веќе подолго време е на „радарот“ на Манчестер јунајтед, Ливерпул и Реал Мадрид, но очигледно и Баерн Минхен пред дуелот со Баер овој викенд.

„Мислам дека има малку тренери кои не би го сакале Каи Хаверц во тимот. Го познавам од деновите во германската У-17 репрезентација, а во Леверкузен имаше неверојатен раст. Се движи многу добро и има инстинкт за голови“, вели Флик.

Тој исто ја коментираше и засега непотврдената информација дека Челси го добиле потписот на Тимо Вернер од РБ Лајпциг за 60 милиони евра.

„Тоа е одлука на Тимо и мора да се почитува. Ако тоа што го велат е вистина, тогаш Челси имаат многу добро засилување“, вели Флик.

Scroll to Top