Top Sport

Флик: Машината Баерн не функционира најдобро, сите го видовме тоа

Ханси Флик вели дека сите фудбалери на Баерн Минхен мораат да работат повеќе за да ги надминат дефанзивните маки на европскиот и германскиот шампион, кој не успеа да остане без примен гол од октомври минатата година!

Баерн доживеаја шокантна елиминација од ДФБ купот од второлигашот Кил, кога примија гол во 95. минута за 2:2, за потоа да загубат на пенали со 6:5. Последен пат Баерн во еден меч од Бундеслигата не примил гол при 5:0 победата над Ајнтрахт на 24 октомври, и сега сакат да го подобрат тоа против Фрајбург.

„Ќе биде многу тешко и физички напорно, бидејќи Фрајбург играат таков фудбал со многу голови. Мораме да играме подобро во одбраната, да ги заборавиме разочарувањата и да ја искористиме ситуацијата. Сите сме под притисок, посебно во одбраната, и не поставуваме притисок на топката како претходно. Машината не работи без проблеми, што го сфативме брутално во средата. Прелесно им даваме шанси на противниците“, вели Флик.

Scroll to Top