Top Sport

Флик: Милер е феномен, но некогаш намерно ме нервираше

Ханси Флик вели дека уживал во работата со Томас Милер во Баерн Минхен, но додава дека имал чувство дека легендата на клубот пречесто правил работи само да го нервира.

Тренерот си замина од „Алијанц арената“ за да стане наследник на Јоаким Лев по ЕУРО 2020, и знае дека 31-годишниот Милер цела деценија е клучен фудбалер на Баварците (за кои има 581 настапи и 214 гола).

„Томас за мене е феномен. Не го прави секогаш вистинското на натпреварите, но ви носи многу повеќе моменти на радост, отколку на лутина. На пример, некогаш оди кај корнерот кога не треба ја губи топката, и се случува контранапад. Понекогаш мислам дека го правеше тоа намерно да ме нервира и да го крене адреналинот, но тој значи толку многу за клубов и нема да има фудбалер како него повторно“, вели Флик.

Scroll to Top