Шефот на стручниот штаб на фудбалскиот клуб Барселона Ханси Флик е прогласен за најдобар тренер на шпанската Ла Лига во август, објавено е на официјалниот сајт на натпреварувањето.
Барселона во моментов е на првото место на табелата во Примера со 12 бода од четири натпревари.
Каталонскиот клуб ги забележа сите четири победи во август во шпанското првенство против Валенсија (2:1), Атлетик Билбао (2:1), Раџа Ваљекано (2:1) и Ваљадолид (7:0). Флик ја презеде Барселона на крајот од минатата сезона.
Тој беше прогласен за тренер на месецот во Ла Лига пред шефот на стручниот штаб на Виљареал Марселино Гарсија Торал и Луис Гарсија Плаза од Алавес.