Шпанските медиуми тврдат дека ја знаат вистинската причина зошто вчера пропадна договорениот трансфер на Герет Бејл од Реал Мадрид во Џиангсу Сунинг. Бејл бил подготвен да се пресели во Кина и да го потпише најголемиот договорот во историјата на фудбалот, но работата пропаднала откако реагирале луѓето од „кралскиот клуб“.
Иако се шпекулираше дека Бејл поради семејството го откажал трансферот, шпанските медиуми ја отфрлаат таа приказна. Според нив трансферот го стопирал претседателот на Реал, Флорентино Перез.
Договорот бил Џиангсу да го добијат Бејл без обесштетување. Реал се согласиле да го пуштат Велшанецот и да се ослободат од големата плата што тој ја заработува во Шпанија. На крајот Перез сепак сфатил дека Бејл премногу вреди за да го пушти да замине бесплатно.
Истите тие извори тврдат дека се уште постојат шанси трансферот да биде реализиран. Преодниот рок во Кина трае до среда што значи дека трите страни имаат време да постигнат договор.
Перез сметал дека Кинезите можат да платат и обесштетување кога веќе биле подготвени да му понудиле на Бејл неделна плата од еден милион евра.