Top Sport

Флорентино Перез подготвува ремонт, први ќе си одат напаѓачите

Флорентино Перез наскоро ќе започне целосна реконструкција на Реал, отако му стана јасно дека нападот предводен од Кристијано Роналдо, Герет Бејл и Карим Бензема повеќе не функционира, пишува „Марка“.

Перез сака нови „Галактикоси“, го сака најсилниот напад во светот на фудбалот и поради тоа е подготвен да ги продаде тројца напаѓачи, односно триот наречено „ББЦ“.

Реал во летниот преоден рок го напуштија тројца офанзивни фудбалери: Хамес Родригез, Алваро Мората и Маријано Дијаз, а парите од нивните трансфери и од трансферите на „ББЦ“, Перез ќе ги инвестира во нови напаѓачи.

Тој напад, или како што милува да каже Перез „најмоќниот напад во светот“, треба да го предводи Нејмар. Реал се обиде минатото лето да го донесе Бразилецот, но тој заврши во ПСЖ за сума од 222 милиони евра. Сега на Реал ќе му требаат двојно повеќе пари за да го донесе во Мадрид.

Покрај Нејмар, Перез ќе се обиде да донесе и некого од овој список: Роберт Левандоввски (Баерн Минхен), Хари Кејн (Тотенхем) и Мауро Икарди (Интер).

Прва опција по Нејмар е Еден Азар од Челси, а како класична деветка Перез го сака Левандовски.

Флорентино Перез значи тргнува во формирањето на третата генерација на „Галактикос“. Првата беше кога ги донесе Роналдо, Луис Фиго и Зинедин Зидан, а втората кога тој втор пат се врати во клубот и кога ги донесе Кака, Крстијано Роналдо и Карим Бензема.

Scroll to Top