Top Sport

Флорентино Перез покажа огромен респект за Манчестер јунајтед

Претседателот наа Реал Мадрид, Флорентино Перез изјави дека е горд на историјата која Касемиро ја „напиша“ во шпанската престолнина пред неговиот трансфер во Манчестер јунајтед, и во исто време му даде комплимент на англискиот клуб и покрај лошата форма во последните неколку сезони.

Откако му додели златен медал на Касемиро за неговите 9 и пол години во „кралскиот“ клуб и го нарече пример за младите фудбалери.

„Оствари толку многу со нас, беше вистински пример во клубот и талентот и посветеноста те однесоа далеку. Ти благодарам за историјата со Реал Мадрид. Одиш во легендарен клуб, Манчестер јунајтед, и ти посакувам многу среќа“, изјави Перез.

Scroll to Top