Флоријан Вирц е прогласен за најдобар играч на Бундеслигата во тековната сезона.
Дваесет и едногодишниот фудбалер на Бајер Леверкузен, сезонава без пораз ја освои титулата со својот тим.
Германскиот фудбалски репрезентативец до ласкавата титула стигна благодарение на 11 гола и 11 асистенции остварени на 32 натпревари во тековната сезона. Три пати беше избран за играч на месецот во октомври, декември и февруари.
Наградата за најдобар дебитант ја доби Виктор Бонифациј.