Top Sport

Фофана по трансферот удри по Роџерс: Од клубот доаѓаа многу лажни коментари

Новото засилување на Челси, Весли Фофана го нападна неговиот поранешен менаџер од Лестер, Брендан Роџерс, откако го комплетираше трансферот од 75 милиони фунти.

Откако Роџерс неколку пати ја критикуваше професионалноста на Фофана, 21-годишниот дефанзивец реши да одговори на социјалните мрежи преку прошталното писмо до навивачите н Лестер.

„Избрав да не комуницирам во текот на преодниот рок и покрај сите критики и честопати лажни коментари кои доаѓаа од клубот. Сфатив и научив. Не сакав да го нарушам имиџот на клубот и затоа не одговорив. Благодарам на газдата на Лестер, Топ, за неговото разбирање, на менаџерите и тренерите кои ме ценеа, иако во последно време решија да ме критикуваат. Го сфатив тоа, тренеру“, напиша Фофана на Инстаграм.

Scroll to Top