Дефанзивецот на Лестер, Весли Фофана се извини за фотографијата на која носи дрес на Арсенал, тврдејќи дека фотографијата се појавила бидејќи бил „измамен“ од пријателите по еден меч.
Фофана, кој дојде во Лестер од Сент-Етјен минатото лето за 36 милиони фунти, имаше одлична сезона и за него се заинтересирани повеќе клубови, така што навивачите на Лестер не реагираа најдобро откако тој носеше дрес на друг премиерлигаш.
„Ок, другари, ме измамија некои поранешни пријатели со дресот на Арсенал. По еден меч, на кој бев тренер, а не играч, на крајот ги разменивме дресовите и ме фотографираа, иако тоа беше грешка. Не размислив дека тоа веднаш ќе оди на социјалните мрежи. Жал ми е за фановите и лут сум на момците кои ми го направија тоа. Извинување и до Арсенал, немам проблем со црвеното, но сината боја ми е во срцето“, вели 20-годишниот Фофана.
?? I'm not a good coach we lost 20 to 5 ???? pic.twitter.com/E9tLrgyNsJ
— LAWESTT (@Wesley_Fofanaa) June 5, 2021