Top Sport

Фонсека го чекаат во Рома

Пауло Фонсека е првиот фаворит да го пополни испразнетото тренерско место во Рома, јавува порталот „Гол“.

Фонсека, кој ја освои третата последователна двојна титула во Украина со Шахтјор Доњецк, веќе ги почнал преговорите со „волчицата“ и резултатите ќе се знаат до крајот на оваа година. 46-годишниот Португалец останува по договор за 2020 и Рома ќе мора да ја плати клаузулата во неговиот договор, но се очекува ова да не биде голема пречка.

Новиот спортски директор на Рома, Џанлука Петраки преговара со агентот на Фонсека, Марко Абреу, откако во Рим биле импресионирани од неговата работа во Украина, каде што го замени легендарниот Романец, Мирчеа Луческу во 2016 година.  И покрај тоа што не играат на нивната „Донбас арена“ поради конфликтот во Украина, Фонсека успеа да го држи Шахтјор пред конкуренцијата и минатата година да ги квалификува во осминафиналето на ЛШ, каде што загубија токму од Рома. Пред украинската работа, Фонсека работеше во Порто и Брага.

Scroll to Top