Top Sport

„Footbsall Hub“: Клоп на „Енфилд“ уште најмалку 5 години!

Тренерот на Ливерпул, Герменецот Јирген Клоп, наскоро ќе го продолжи договорот со клубот, објави „Footbsall Hub“.

Според информациите, германскиот фудбалски стручњак ќе добие петгодишен договор со годишна плата од 8,5 милиони фунти, плус бонусите. Во моментот, платата на 51-годишниот фудбалски стратег е околу 7 милиони фунти.

Тој е на кормилотo на Ливерпул од 2015 година. Под негово раководство „црвените“ сезонава стигнаа до финалето на Лигата на шампионите, а во Премиерлигата на коло до крајот е со бод заостанување зад лидерот Манчестер Сити.

Scroll to Top