Top Sport

„Формацијата 2-7-2 е иднината на фудбалот, со голманот како играч за врска“

Прославениот бразилски фудбалер, Тијаго Мота, рекол дека иднината на фудбалот е во формацијата 2-7-2 и дека овој систем веќе го испробал во младинскиот тим, играчи до 19 години, на ПСЖ.

Изјавата на Мота делува малку нелогично, бидејќи во оваа негова формација е вклучен и голманот, како играч во редот за врска. Според Мота сите 11 играчи на теренот треба да учествуваат во играта.

„Голманот е меѓу овие седум играчи во редот за врска. Тој треба да ја започне играта према напред. За мене голманот е првиот напаѓач, од него треба да започнуваат акциите, а напаѓачот е првиот играч во одбраната. Напаѓачите први го притискаат ривалот. Го испробав овој систем во својот тим минатата година“, изјавил за „Газета дело спор“, Тијаго Мота.

„Идејата ми е секогаш да играм офанзивно, со целосна контрола врс топката, со висок пресинг и многу трчање без топка. Играчот секогаш треба да има три или четири опции за да ја додаде топката и двајца соиграчи што го покриваат“.

Мота на новинарите им открил и кој од актуелните тимови во светот најмногу би одговарал на неговата формација.

„Манчестер сити на Пеп Гвардиола. Тие против Манчестер јунајтед имаа 44 додавања, а потоа постигнаа гол“, заклучил 36-годишниот Бразилец.

Scroll to Top