Top Sport

Форналс пред трансфер во Наполи

Играчот на Вилјареал, Пабло Форналс, до крајот на преодниот рок ќе го засили Наполи, објави во средата „Мундо Депортиво“.

22-годишниот Форналс е еден од главните играчи на Вилјареал.На „Ел Мадригал“ тој пристигна во 2017 година од Малага, каде што две години претходно ја започнал професионалната кариера.

Овој играч може да игра на повеќе позиции в редот за врска, што на најдобар начин го демонстрира оваа сезона. Добрите игра му донесоа и повик во репрезентацијата на Шпанија.

Scroll to Top